Признание за почит: Барди прогласен за најдобар странец во 111-годишната историја на Леванте

Енис Барди поради повреда го пропушти клучниот меч на Македонија против Грузија за пласман на Европското првенство, но играчот за врска секако има голема заслуга за историскиот успех на нашата репрезентација. Барди ја игра четвртата сезона во шпанскиот примералигаш Леванте, а неодамна го одигра јубилејниот 100-ти меч за овој тим.

„Да продолжам да работам и да се подобрувам секој ден! Многу сум среќен што одиграв 100 натпревари во Примера во дресот на Леванте. За повеќе! Се гледаме наскоро”, беше пораката што ја остави на социјалните мрежи по одигрувањето на јубилејниот натпревар.

Најпрестижниот шпански весник „Марка“ во денешното издание има текст во кој објаснува дека Барди е најдобриот странец кој некогаш заиграл за тимот на Леванте. Ако се знае дека Леванте е клуб кој постои 111 години, ова е големо признание за Барди.

 

- Оглас -

Најнови вести