Признанието „Златна Олимпија“ за 2024 година во рацете на Милијана Рељиќ (Фото)

Признанието „Златна Олимпија“ за 2024 година, кое четвртипат по ред се доделува за најуспешните дами во македонскиот спорт, а е во организација на Македонскиот олимписки комитет, заврши во рацете на олимписката теквондистка Милијана Рељиќ.

Олимпијката по признанието за најдобра спортиска во изборот на Министерството за спорт, сосема заслужено дојде до уште едно големо признание. На манифестацијата организирана од МОК, признанија добија и Марија Димовска за најдобра млада спортистка, потоа Фудбалската федерација на Македонија за унапредување на родовата еднаквост, ракометните судијки Силвана Карбевска и Марија Илиева, најуспешните женски тренери Ивана Аврамова и Жаклина Стојановска…

- Оглас -

Најнови вести