Проба да крене 400 килограми, но си ги скрши колената (Вознемирувачко видео)

Рускиот кревач на товар Александер Седих доживеа тешки повреди, скршеници на двете колена, при обидот да крене тегови од 400 килограми. На Седих двете колена му „пукнаа“, а среќа во несреќа е што не дојде до повреда и на ‘рбетот.

Повредениот кревач, кој имаше големи болки, итно беше пренесен во болница на операција, а потоа изјави дека најтешко му паѓа што во следните два месеци ќе мора да лежи во кревет.

„Тоа што ќе лежам два месеци во кревет, најтешко ми паѓа. Ќе треба повторно да научам да одам, ќе ми треба доста време за закрепнување“, порача Седих.

Погледнете го видеото од повредата, но само ако сте полнолетни и ако не ве вознемируваат вакви работи:

- Оглас -

Најнови вести