Кристијано Роналдо во 2010 година го доби синот Кристијано јуниор, но никогаш не беше откриен идентитетот на жената која го роди детето. Тоа е добро чувана тајна, сурогат мајката доби многу пари (се спомнува сума од 12 милиони евра) за да молчи, а молчи и фудбалерот, кој не сака ни на синот да му каже која му е биолошка мајка.
Роналдо имаше 25 години кога за првпат стана татко. Има повеќе теории за тоа која е мајката.
На социјалните мрежи се појави фотографија на која се тврди дека е вистинската мајка на Кристијано јуниор. Не се знае нејзиното име, но наводно таа е жената која го роди првото дете на Роналдо.
Во 2017 година Роналдо доби и близнаци, а не се знае ниту нив која мајка ги роди. Последните две деца му се од врската со партнерката Георгина Родригес, со која уште е заедно и со која живее последните години.
Роналдо најавил дека нема да му каже на синот која жена го родила додека не наполни 18 години, а рекол и дека мајката нема никогаш да го види и дека е платена за да биде далеку од него.