Проблем во холандскиот фудбал, судијка е во љубовна врска со играч од лигата во која суди (Фото)

Најпознатата фудбалска судијка во Холандија и прва во таа земја со значката на ФИФА, атрактивната Шона Шукрула, призна дека е во љубовна врска со фудбалер од втората лига, каде таа дели правда.

Ова предизвика големи контроверзи, бидејќи вака судијката која суди и во женската Лига на шампиони, трпи многу критики за можна нерегуларност на лигата и конфликт на интереси. Нејзиното момче Џеф Хардевелд игра за Емен, а Шукрула суди во втората лига во која учествува и Емен. Тие новата година заедно ја дочекаа во Рим.

Интересно е што нивната врска почнала во август, после мечот со Ајндховен на кој Шукрула била четврти судија, а Хардевелд добил црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести