Проблем во Лигата на шампионите: Роналдо и Ал-Наср се плашат да патуваат во Иран

По ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток во последните неколку дена, започнаа и проблемите на фудбалски план. Клубовите кои играат во азиската Лига на шампиони се плашат да патуваат во Иран. Последен во низата е тимот на Ал-Наср за кого настапува и Кристијано Роналдо, пишуваат шпанските медиуми.

Според реномираниот весник, челниците на клубот Ал-Наср стравуваат за безбедноста на сите кои се дел од овој состав. Според распоредот, Ал-Наср треба да гостува во Техеран на 22 октомври, на дуел против тимот на Естеглала.

По две кола во Лигата на шампиони, Ал-Наср има освоено четири бода, а тимот на Естеглала е веднаш зад саудискиот тим, со три освоени бода.

- Оглас -

Најнови вести