Маркус Рашфорд минатото лето како позајмен фудбалер од Манчестер јунајтед пристигна во Барселона. Договорот за позајмицата е со важност до крајот на оваа сезона, а Каталонците имаат опција да го откупат неговиот договор.
Сепак, тоа нема да се случи, па Англичанецот налето се враќа на „Олд Трафорд“, а тоа значи нов проблем за Манчестер јунајтед.
Рашфорд кога пристигна на „Камп ноу“, вредеше 50 милиони евра, но неговата цена сега е уште пониска и изнесува 40 милиони евра според „Трансфермаркет“. Тој во досегашниот тек од сезоната одигра 18 натпревари со ефект од шест гола и девет асистенции, но во Барселона не се презадоволни од неговите игри, па раководството на клубот налето ќе се насочи кон други фудбалери.

