Проблем за Аргентина: Меси е неизвесен за средбата против Парагвај

Фудбалската селекција на Аргентина во претстојната репрезентативна пауза треба да одигра два натпревари против Парагвај и Перу во квалификациите за СП 2022. На 13 ноември е закажан дуелот против Парагвај, кој треба да се одржи во Буенос Аирес, а селекторот Лионел Скалони има еден голем проблем.

Капитенот Лионел Меси е неизвесен за тој меч, поради што има ситни проблеми со глуждот. Наводно, токму поради таа ситна повреда, Меси беше на клупата на Барселона во победата над Бетис, по што одигра само 45 минути или поточно влезе во игра во второто полувреме.

Куман тогаш истакна дека сакал да го одржи Меси свеж, но според информациите кои пристигнаа од Аргентина, се покажа дека се работело за мала повреда.

Меси ќе биде во трка со времето за да се најде во составот, нема сомнежи дека е потребен за Гаучосите да го одржат максималниот учинок во квалификациите, кои пак славеа победи против Боливија и Еквадор во октомврискиот циклус.

- Оглас -

Најнови вести