Проблем за Артета: Арсенал налето ќе мора да продаде петмина фудбалери и да заработи 300 милиони евра

Арсенал минатото лето потроши околу 300 милиони евра за нови засилувања, па премиерлигашкиот лидер сега ќе мора да продаде фудбалери за истата вредност за да ги израмни трошоците со приходите. Раководството на Топчиите одлучи да стави на продажба петмина фудбалери, а тоа може да биде сериозен проблем за Микел Артета.

Најголема загуба за Шпанецот ќе биде продажбата на Мартин Одегард и Габриел Мартинели, а налето ќе бидат продадени и Бен Вајт, Итан Нванери и Мајлс Луис-Скели.

Планот е за петмината да заработат околу 300 милиони евра и тој начин да се вратат во финански баланс, но и да можат повторно да се активираат на трансфер-пазарот.

- Оглас -

Најнови вести