Диего Симеоне е позтивен на Ковид-19 и веднаш е испратен во самоизолација, но за среќа има само симптоми на корона-вирус без влошување на здравствената состојба.
На првичното тестирање уште двајца членови на песроналот во Атлетико Мадрид имале позитивни тестови, но на повтореното тестирање тие се негативни на Ковид-19.
https://twitter.com/tjcope/status/1304864602245738496?s=20
Симеоне ќе мора да остане во карантин одредено време, а добро за него испадна одлуката на шпанската фудбалска федерација, Атлетико да стартува подоцна во новото првенство во Ла Лига.
Ако се биде в ред популарниот Чоло ќе биде на клупата на Јорганџиите во мечот од третото коло во Ла Лига, против Гранада, што ќе биде премиерен за клубот во новото првенство.