17.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Проблем за Барселона: Дефанзивецот не планира да си замине пред истекот на договорот

Договорот на Барселона со Андреас Кристенсен истекува следното лото. Каталонците немаат намера да му понудат продолжување, а фудбалерот нема намера да си замине пред истекот на договорот.

На ова во Каталонија гледаат како на голем проблем бидејќи Жоан Лапорта планира(ше) да го продаде летово, со што клубот би имал двојна придобивка.

Одредена сума би влегла во касата на Барселона, а ќе се направи и место за нови фудбалери, но се чини дека Данецот и следната сезона ќе остане на „Камп ноу“.

Кристенсен имаше мала минутажа, пред сè, поради големите проблеми со повредите, иако се работи за одличен дефанзивец.

- Оглас -

Најнови вести