Проблем за Далас, се повреди Лука Дончиќ

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, се здоби со повреда, објави клубот. Словенецот има контузија на левата потколеница.

Состојбата на Дончиќ ќе се процени за една недела, по што ќе биде познато кога ќе се врати на терените.

Далас маверикс го очекуваат неколку претсезонски натпревари во НБА-лигата, а првиот ќе се одигра за шест дена против Мемфис. Потоа, на 11 октомври ќе играат со Јута, на 15 октомври со ЛА клиперс, три дена подоцна со Милвоки.

Сезоната за Маверикс започнува на 25 октомври, со натпревар против Сан Антонио спарс.

- Оглас -

Најнови вести