Светската фудбалска организација, ФИФА, се соочува со голем проблем кој може и да ескалира доколку не се преземе нешто. Дури 17.000 навивачи буквално преку ноќ ги откажале билетите за Светското првенство, кое годинава ќе се одржува во САД, Канада и Мексико.
Причините се различни, но доминираат високата цена, политиката и стравот за личната безбедност.
Според математиките, еден навивач да ги гледа сите натпревари на својата репрезентација до финалето, ќе му бидат потребни околу 7.000 долари само за билети.
Повиците за бојкот се зголемија и поради несогласување со политиките на САД, а голем број навивачи од Европа изјавиле дека стравуваат за својата безбедност во една од трите земји организатори на Мундијалот.
Токму поради овој тренд, но и поради хаштагот за бојкот кој се шири по социјалните мрежи, ФИФА закажа состанок за следната недела на кој ќе се разгледува новонастанатата ситуација.

