12.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Проблем за ФИФА: Мексико е во хаос, може да остане без организацијата на СП

Мексико е во вистински хаос откако беше убиен водачот на наркокартел. Пожари низ целата земја, но и улични пресметки како одмазда за убиството на водачот. Ситуацијата  е најкритична во Гвадалахара, еден од градовите кои треба да бидат домаќини на Светското првенство налето.

Сите летови се прекинати, туристите треба да се евакуираат, а препораки да не се патува во Мексико има речиси од сите земји во светот. Ситуацијата ја следат и во ФИФА, каде што се загрижени околу одржувањето на Светското првенство, но и на интерконтиненталниот плејоф, кој е закажан за март.

Според правилата, ФИФА има право да ја одземе организацијата на некој град или на цела држава доколку така биде проценето, но и да ја додели на други организатори. Освен Гвадалахара, град-домаќин на Мундијалот треба да биде уште еден мексикански град – Монтереј.

- Оглас -

Најнови вести