Тензиите на релација САД – Иран предизвикуваат големи главоболки за ФИФА во пресрет на Светското првенство следната година, на кое Американците ќе бидат домаќини заедно со Канада и Мексико.
Во САД на сила е забрана за влез на државјани на Иран, но исклучок е кога се работи за спортски настани, па ФИФА може да издејствува визи за фудбалерите, стручниот штаб и официјалните лица, но во моментов размислувањата одат во друг правец.
ФИФА размислува да го смести Иран во групата „А“ и во тој случај сите натпревари би ги играле во Мексико, но проблем може да настане доколу успеат да ја минат групната фаза, па тогаш би требало да се преселат во САД.
Од САД во моментов нема никакви најави дека може да им биде забранет влез на иранските фудбалери, но ФИФА се подготвува и за такво сценарио, иако од Светската куќа на фудбалот во моментов не сакаат да ги коментираат овие опции.