Проблем за Гвардиола: Кевин де Бројне ќе го пропушти дербито против Арсенал

Кевин де Бројне ќе го пропушти големото дерби на неговиот Манчестер сити против Арсенал в недела, но неговата повреда не е толку сериозна и тој наскоро ќе може да се врати во игра, пишуват медиумите на Островот.

Како што е познато, Белгиецот се здоби со проблем во пределот на препоните непосредно пред полувремето на првиот натпревар на Манчестер сити во Лигата на шампионите против Интер (0:0) на „Етихад“ во средата.


Фудбалерот за врска доби медицинска помош и потоа беше заменет за почетокот на второто полувреме од Илкај Гундоган.

На крајот се утврдило дека повредата на Де Бројне не е сериозна, но во Манчестер сити не сакаат да ризикуваат со неговата состојба и да го загубат на подолго време, па поради тоа нема да игра против Арсенал в недела. Најверојатно, токму Гундоган ќе започне наместо него против Топчиите.

Белгиецот е во последната година од неговиот договор со Манчестер сити и ова може да биде неговата последна сезона на „Етихад“. Саудиска Арабија се смета за најверојатна негова следна дестинација доколку одлучи да го напушти клубот наредното лето.

- Оглас -

Најнови вести