Проблем за Холандија: голманот Силесен позитивен на Ковид-19

Чуварот на мрежата на Валенсија и на селекцијата на Холандија, Јаспер Силесен, нема да патува со холандската репрезентација на подготовките во Португалија, затоа што е позитвен на коронавирус.

Лекарскиот тим на Лалињата објави дека Јаспер нема симптом и се следи неговата здравствена состојба. Силесен ќе му се приклучи на тимот кога за тоа ќе се создадат неопходните услови. Холанѓаните кои на ЕП се во група со Македонија, својот прв меч треба да го имаат на 13-ти јуни против Украина на свој терен во Амстердам.

Во рамките на подотовките во Португалија, Холанѓаните на 2 јуни ќе имаат контролен меч против Шкотска. Селекторот Франк Де Бур нема дополнително да повика друг голман бидејќи и без Силесен, во составот од 26 играчи има тројца голмани.

- Оглас -

Најнови вести