Холандија и Германија одиграа 2-2 во најинтересниот вечерашен меч од Лигата на нациите. Ова се два тима кои во првите две кола дадоа по 7 гола и кога играат, тоа е уживање за публиката.
Овој меч по лошо ќе го паметат Нејтан Аке и фановите на Манчестер сити. Дефанзивецот на Сити се повреди во финишот на првиот дел и на носила беше изнесен од теренот. Аке немаше контакт со противникот, туку само почувствува болка во мускулот на задниот дел од ногата и падна на тревата.