13.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Проблем за Интер: Лаутаро Мартинес ќе паузира најмалку еден месец

Kапитенот на тимот, Лаутаро Мартинес, заработи сериозна повреда, потврди Интер по денешните медицински прегледи. Станува збор за истегнување на мускулот на левата нога, при поразот од 1-3 против Бодо/Глимт во Лигата на шампионите.

Од миланскиот клуб информираа дека состојбата на напаѓачот повторно ќе биде проценета следната недела.


Како што наведуваат од „Скај Спорт Италија“, паузата би можела да трае најмалку еден месец.

Тоа значи дека Лаутаро Мартинес ќе го пропушти реваншот против норвешкиот тим, но и големото градско дерби со Милан, натпревар кој може да биде клучен во трката за титулата во Серија А.

Аргентинецот е водечки стрелец на Интер во шампионатот со 14 голови на 25 натпревари сезонава, а има и четири погодоци во осум настапи во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести