Интер се соочува со нов проблем во одбраната, откако Јан Бисек заработи повреда, потврдија од клубот.
25-годишниот германски дефанзивец ги поминал лекарските прегледи, при што бил дијагностициран мускулен проблем на десната нога. Неговата состојба ќе се следи во наредните денови, но веќе е јасно дека ќе го пропушти неделниот дуел против Рома во Серија А, додека настапот против Комо останува неизвесен.
Бисек е еден од клучните играчи во одбраната на Нераѕурите во вториот дел од сезоната, со 30 настапи и два постигнати гола.
Тимот предводен од Кристијан Киву во моментов е лидер на табелата во италијанскиот шампионат со 69 бодови, шест повеќе од градскиот ривал Милан.

