Италија и Турција ќе бидат домаќини на Европското првенство во 2032 година, на кое со сигурност ќе учествуваат 24 репрезентации, но УЕФА сè уште го разгледува предлогот тоа да биде проширено на 32 земји учеснички.
Сепак, иако до континенталниот собир има уште седум години, Италија се соочува со голем проблем. Стадионот „Сан Сиро“ во Милано не ги исполнува строгите критериуми на УЕФА, па дури и комплетната реконструкција нема да помогне.
Сега Италијанците ќе мора да бараат нов стадион кој ќе го додадат на листата домаќини на Европското првенство во 2032 година.