Ерата на Рубен Аморим како тренер на Манчестер јунајтед и официјално започнува утре. Португалскиот тренер од утре стапува на должност, но според медиумите од Островот, тој со сигурност нема да го води утрешниот тренинг, а кога тоа ќе се случи се ќе зависи од британските власти.
Проблемот е со работната дозвола на Аморим, која се уште ја нема добиено, а без нема не може да започне со работните обврски и во Велика Британија може да биде само турист. Раководството на „црвените ѓаволи“ со сигурност нема да ризикува и да ги прекршува законите, па останува да се види какви задачи ќе има Аморим утре.
Од утре започнува и прозорецот на ФИФА, па голем дел од фудбалерите на Манчестер јунајтед ќе бидат со своите репрезентации, па португалецот и нема да има голем број на фудбалери на располагање.