Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ сака да останe во Јувентус и да го одработи својот договор до крај, кој истекува следното лето. Според информациите, 25-годишниот голгетер ги блокира сите обиди на клубот да го продаде, и покрај желбата на раководството да се ослободи од него.
Во исто време, раководството на Старата дама активно размислува за нови засилувања во нападот, а меѓу имињата што се споменуваат се Џонатан Дејвид, Џејдон Санчо, Виктор Осимен, Виктор Ѓекереш…
Како што пишува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, високата плата на Влаховиќ, околу 12 милиони евра годишно, е сериозен товар за буџетот на клубот, и затоа Јувентус би бил среќен да го продаде.
Српскиот репрезентативец се приклучи на Јувентус во јануари 2022 година, кога беше купен од Фиорентина за 83,5 милиони евра. Досега има одиграно 145 натпревари, на кои постигнал 58 голови.