4.8 C
Skopje
четврток, 2 октомври 2025

Проблем за Ливерпул: Алисон Бекер ќе паузира шест седмици

Првиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер, ќе биде надвор од терените околу шест недели поради мускулната повреда што ја заработи при поразот од 0-1 против Галатасарај во Лигата на шампионите, објавија британските медиуми.

Медицинските прегледи потврдиле дека 33-годишниот Бразилец има повреда во задниот дел на бутниот мускул, а очекувањата се да биде надвор од составот најмалку до репрезентативната пауза во ноември.

Тоа значи дека Алисон сигурно ќе го пропушти дербито со Челзи овој викенд, како и клучните натпревари против Манчестер јунајтед (19 октомври), Реал Мадрид (4 ноември) и Манчестер сити (9 ноември).

Оваа сезона Алисон има одиграно девет натпревари, примил 12 голови и забележа две „чисти мрежи“. Во негово отсуство, на голот на Ливерпул ќе застане летното засилување, Ѓиорги Мамардашвили.

- Оглас -

Најнови вести