Проблем за Манчестер јунајтед – Најдобриот Ѓавол одби да потпише нов договор

Бруно Фернандеш ја одби првичната понуда на раководството на Манчестер јунајтед да потпише нов договор со двојно подобри услови и неделна плата од 200.000 фунти неделно и им постави интересен услов.

Португалецот кој блеска и е најдобриот Црвен Ѓавол во последните две сезони бара план од челниците на Манчестер јунајтед за топ-засилувања во летниот преоден рок, за да може да се атакува на титулата и во Англија и во Лигата на шампионите.

Фернандеш го засили Манчестер јунајтед во јануари лани и за сума од 80 милиони евра од Спортинг Лисабон пристигна на „Олд Трафорд“. Брзо се наметна како лидер на тимот, а игра фантастично, особено сезонава и има дабл-дабл од 16 голови и 10 асистенции во Премиерлигата.

Иако е играч од средниот ред Португалецот е еден од најдобрите стрелци во англиското првенство и моментно е на делба на второто место со Хери Кејн, а има само еден гол помалку од првиот стрелец во Премиерлигата, Мохамед Салах, кој е лидер со 17 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести