Проблем за Мурињо: Сон оди на операција

Сон Хеунг-мин во текот на оваа недела ќе оди на операција да му се корiгира фрактурата на десната рака. Одличниот офанзивец на Тотенхем, кој викендов ја донесе победата за тимот на Жозе Мурињо против Астон вила, се повреди токму на тој меч, па клубот потврди дека ќе мора да оди под нож.

Тоа значи дека португалскиот стратег не ќе може да смета на својот ас за утрешниот дуел против Лајпциг во Лигата на шампионите, додека лекарскиот тим предвидува пауза од неколку недели, што значи дека Сон ќе пропушти уште неколку мечеви, а колку точно ќе се знае по операцијата.

Ова е дополнителен проблем за Мурињо ако се знае дека веќе извесно време не смета на Хари Кејн, по што му останаа малку опции во нападот.

- Оглас -

Најнови вести