Манчестер сити со предност од 2-1, но без Серхио Агуеро ќе влезе во реваншот против Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампионите. Аргентинскиот голгетер нема навреме да закрепне по операцијата на коленото која ја правеше кон крајот на минатиот месец.
Лошите вести за англискиот првак од минатата сезона ги потврди менаџерот Пеп Гвардиола.
„Колку пати треба да кажам? Не, Агуеро нема да игра во реваншот“, истакна Гвардиола.
Пресметката на „Етихад“ е закажана за 7 август, а нападот на Сити најверојатно ќе го предводи Габриел Жесус, еден од стрелците во победата во Мадрид. За тој меч, Кралевите ќе бидат без капитенот Серхио Рамос кој доби директен црвен картон во првата средба.