Проблем за Реал Мадрид, Бензема повторно е повреден

Карим Бензема вечерва нема да игра против Севилја во дербито на колото во шпанската Примера дивисион, потврдија од Кралскиот клуб. Во краткото соопштение од клубот кој е шпански и европски првак стои дека Бензема утрово направил медицински тестови кои покажале дека голгетерот има проблеми со квадрицепсот на левата нога.

Дуелот против Севилја нема да биде прв на кој Реал ќе игра без повредениот Бензема сезонава. Французинот веќе мируваше еден месец поради повреда на левата нога, но потоа закрепна и се врати на теренот. Играше на дуелот против Елче, кога и постигна гол, а сега изненадувачки делува фактот дека повторно е повреден.

На почетокот на оваа недела, Бензема беше во Париз каде ја доби најпрестижната индивидуална награда, а тоа е „Златната топка“. Засега од Реал не потенцираат за колку сериозна повреда се работи и дали тоа ќе биде загрижувачки и за Франција која за помалку од еден месец ќе ја започне одбраната на светската титула на Мундијалот во Катар.

- Оглас -

Најнови вести