Неочекуван проблем за Шпанија: Јамал не смее да игра по 23 часот, ако тоа се случи следува казна

Еден од најголемите фудбалски таленти, Ламин Јамал веќе испиша рекорд, откако стана најмладиот играч кој заиграч на Европско првенство. Јамал уште нема наполнето ниту 17 години, а поради неговата возраст, шпанската федерација може да добие казна.

Според законите во Германија, на малолетниците им е забрането да работат по 20 часот, а ако се работи за спортисти, тоа време е зголемено до 23 часот. Во ова време се пресметани и сите активности на спортистот што треба да ги направи и по излегување од терен, како што е давањето интервју и туширање.

Поради овие правила, Јамал на дуелот против Италија кој започна во 21 часот, беше повлечен од игра во 71 минута, односно околу 22:30 часот. Во следните 30 минути Јамал имаше време да се истушира и да се подготви да одење дома.

Интересно е дека на првата средба против Хрватска, Јамал го одигра целиот меч, а тоа беше и очекувано ако се знае дека против Коцкестите играа во термин од 18 часот, па тинејџерот имаше време да ги заврши сите обврски навреме.

Од шпанската федерација побараа германската влада да даде остапка за случајот на Јамал и фудбалерот на Шпанија да може да биде на теренот во текот на целиот меч, кога неговата селекција игра од 21 часот како што е случајот вечерва, против Албанија.

Доколку биде препршен овој германски закон, следува парична казна од 30.000 евра. Јамал во Германија освен фудбалските обврски, има и училишни обврски. Тој секој ден добива училипни работни задачи кои мора да ги заврши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести