Проблем за Сити, за 49 часа мора да одиграат два меча, од кои едниот е големо дерби

Новата сезона само што започна, а англискиот првак Манчестер сити се најде во незавидна ситуација. Поради густиот распоред на мечеви, Граѓаните ќе мора да одиграат две средби, и тоа во растојание само од 49 часа.

Првично распоредот не беше така, но Сити ќе мора да го помести дуелот против Ватфорд во Лига купот и наместо да го игра на 25 септември, тоа да биде еден ден порано.

Причината за поместувањето е европската пресметка на Манчестер јунајтед против Твенте, а полицијата во Манчестер најавила дека нема доволно капацитет соодветно да ги покрие двата натпревари, кои би се играле во ист ден според првично планираното.

Сега Сити мора да биде подготвен да игра дерби-дуел против Арсенал на 22 септември, а само 49 часа подоцна, односно на 24 овој месец да се сретне и против Ватфорд во Лига купот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести