Проблем за Словенија – Дончиќ предвреме го напушти денешниот тренинг поради повреда

Лука Дончиќ го порано го заврши денешниот тренинг на репрезентацијата на Словенија, откако се здоби со повреда на глуждот.

Најдобриот кошаркар на оваа селекција се повреди по еден дуел со Едо Муриќ. Сепак, селекторот Александар Секулиќ изјави дека не се работи за посериозна повреда.

„Дончиќ не е повреден сериозно и поради внимателност беше одлучено да го заврши тренингот порано“ изјави Секулиќ.

Словенија во среда од 20:30 часот го игра четвртфиналниот меч против Полска во „Мерцедес арената“ во Берлин.

- Оглас -

Најнови вести