18.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Проблем за Турците: Џеди Осман неизвесен до последен момент за полуфиналето на Евробаскет

Турскиот кошаркар Џеди Осман е неизвесен за полуфиналниот меч на Евробаскетот против Грција, соопшти селекторот на Турција, Ергин Атаман.

„Терапијата на Џеди е во тек. Денеска не можеше да тренира со екипата. Неговата состојба ќе биде позната непосредно пред почетокот на натпреварот“, изјави Атаман на прес-конференција.

Осман го повреди зглобот за време на четвртфиналето против Шведска.

Кошаркарот роден во Охрид имаше одлични партии на досегашниот Евробаскет, со просек од 14,9 поени, 2,4 скока и 1,6 асистенции, како и исклучителни 51,2% успешност во шутот за три поени.

Турција и Грција ќе го одиграат полуфиналниот натпревар на Евробаскетот во Рига, во петок од 20 часот. Четири часа претходно, Германија и Финска ќе се сретнат во првото полуфинале.

- Оглас -

Најнови вести