Проблем за Украинците, одложен летот кон Букурешт

Украинската репрезентација не беше во можност навреме да полета кон Романија, а причината е силниот дожд во Харков, поради кој авионот не доби дозвола за полетување. Украинците во првото коло играат со Холандија, но за тој меч сакаат да се подготвуваат во Букурешт, каде што треба да играат со Македонија и Австрија.

Поради тоа, тие ќе мора да почекаат до попладне, кога невремето ќе биде завршено, па наместо претпладне, во Романија треба да стигнат во раните вечерни часови.

- Оглас -

Најнови вести