Еден од најдобрите фудбалери во Првата македонска лига, Роџерс Мато од Вардар, на мечот со Тиквеш се здобил со скршеница на коска во стапалото и ќе мора да паузира минимум еден месец.
Ова е голем проблем за Вардар, Мато е прв стрелец на Црвено-црните.
Првиот човек на клубот, Миленко Неделковски, на своите социјални мрежи објави дека Мато го чека пауза од 4-6 недели.
Олеснителна околност е што сега следува репрезентативна пауза, а наредните два меча на Вардар се со Шкупи и Македонија Ѓорче Петров, кои се соочуваат со големи проблеми. Последниот меч пред крајот на полусезоната е на 7 декември, кога Вардар ќе го пречека Арсими, Мато би требало да го прескокне и тој меч, а враќањето ќе го има во февруари кога ќе продолжи сезоната во која Вардар се бори за титула.

