Проблеми уште на стартот: Летаат предмети од трибините, Србите не можат да изведат корнер

Балканското дерби помеѓу Албанија и Србија започна со инцидент кој го предизвикаа домашните навивачи уште во осмата минута. Лукиќ се подготвуваше да изведе корнер, кога од трибините полетаа тврди предмети, а дел од нив го погодија и српскиот репрезентативец.

Веднаш реагираа официјалните лица кои побараа од официјалниот спикер да ги опомене гледачите. Мечот беше во прекин околу две минути, а Лукиќ од втор обид успеа да го изведе корнерот.

Српските медиумите известуваат и за „провокации“ од трибините, каде се вееле знамиња на Косово, иако обезбедувањето на влезовите ги одземало сите знамиња или транспаренти кои не се поврзани со натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести