Проблеми во рајот: Мане збесна затоа што Салах себичеше (видео)

Црвените ја продолжија победничката низа во Премиер лигата и по гостувањето кај Барнли, но во нивните редови за првпат се виде незадоволство и покрај успесите кои се редат во изминатиов период.

Садио Мане фрустрирано го напушти теренот во 85-тата минута, не бидејќи не доби шанса до крај да го одигра мечот, туку поради ситуацијата претходно по којра гостите не искористија да зголемат на 4-0. Салах пробиваше низ одбраната на Барнли и му се отвори простор да го проигра Мане, но Египќанецот одлучи сам да ја заврши акцијата и не реализираше.

Кога седна на клупата за резерви, Мане не ги задржа емоциите и почна да фрла маркери на сите страни, да се расправа со Клоп и останатите соиграчи.

https://twitter.com/lfc_goals1/status/1167864683463733249

- Оглас -

Најнови вести