Иако се пишуваше дека Кристијано Роналдо поради повреда нема да настапи денеска, од Англија дојдоа шокантни информации.
Португалецот не сакал да биде дел од денешниот тим на Манчестер јунајтед против Манчестер сити, откако тренерот Ралф Рангник му соопштил на него дека нема да биде дел од стартната постава.
Ваквата одлука Роналдо не ја прифатил добро и побарал да биде отстранет од тимот за оваа средба. Останува да се види како сето ова ќе се одрази на останатите фудбалери кои за помалку од 10 минути ќе треба да истрчаат на терен против градскиот ривал.
View this post on Instagram