Проблеми за Аргентина: Поради повреда и Лаутаро нема да игра против Уругвај и Бразил

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинес ќе ги пропушти следните два меча од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Иако беше планиран да биде дел од тимот на Аргентина, голгетерот на Интер се пожали на повреда на тетивата на ногата и ќе мора да мирува, што значи дека ќе ги пропушти двата дерби-дуела против Уругвај и Бразил.

Мартинес во неделата беше предводник на Интер во победата од 2:0 над Аталанта, а потоа замина во Аргентина да се приклучи на националниот состав. Сепак, поради повреда на левата нога, нема да му биде на располагање на селекторот.

Од претходно поради повреди, настапот во аргентинскиот дрес го откажаа и капитенот Лионел Меси, потоа Пауло Дибала и Џовани Ло Селсо.

Аргентина е лидер во квалификациската група на Јужна Америка за пласман на Мундијалот кој ќе се игра следната година и без проблеми треба да обезбеди место на завршницата.

- Оглас -

Најнови вести