Проблеми за Барселона – Фати и Кутињо ќе мораат на нова операција

Филипе Кутињо нема да игра до крајот на оваа сезона, иако се најавуваше дека ќе биде подготвен за настап во април, а Бразилецот веќе е договорен да оди на нова операција во својата родна земја.

Сега е прашање дали ќе може да се врати на терен во јуни за да конкурира за место во селекцијата на Бразил за настап на Копа Америка, натпреварување што ќе се игра од 13 јуни до 10 јули.

Кутињо секако ќе си оди од Барселона и најавено е дека ќе биде ставен на трансфер-листата за летниот преоден рок, па проблемот на Фати е многу поголем за Каталонците.

Големиот талент имаше операција на коленото во ноември, но рехабилитацијата не оди најдобро, па паузата е долга. Сега се најавува дека повторно ќе мора да се оперира, што е огромен проблем и за него и за клубот.

Фати има само 18 години, а веќе е шпански репрезентативец и лани со гол против Украина стана најмладиот стрелец во богата историја на Црвената фурија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести