Проблеми за Гвардиола пред финалињата во ФА купот и ЛШ: Фалат неколку првотимци

Манчестер сити ја одбрани титулата во Премиер лигата, а сега Граѓаните имаат мисија да освојат уште два трофеја. Англискиот првак прво ќе игра во финалето од ФА купот, а потоа и во финалето во Лигата на шампионите. Манчестер јунајтед е единствениот англиски клуб кој успеал да освои „триплета“, односно три титули во една сезона, а сега Сити ја има истата шанса.

Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, е загрижен пред двата клучни дуела затоа што има проблеми со неколку фудбалери кои не се 100 отсто подготвени.

„Имаме четворица или петмина играчи кои имаат проблеми. Не се работи за сериозни повреди, но веќе неколку дена, а дел од нив и неколку недели не се подготвени. Навистина се исцрпени и физички и ментално. Дијас не тренира веќе 10 дена, Грилиш исто така. Де Бројне не се чувствува добро по мечот со Брајтон. Не знам дали ќе биде подготвен за финалето во ФА купот. Мислам дека ќе биде, но најважно е да може добро да тренира. Навистина е неизвесен“, вели Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести