Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, на вчерашниот натпревар против Лацио се повреди, а првите информации околу мускулната повреда се дека Белгиецот сигурно нема да игра во вторник против Кремонезе.
Мали се шансите за Лукаку да се појави в сабота на големото граско дерби Интер – Милан, а неизвесно е и дали ќе може да настапи на 7-ми септември на отворањето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен.