Проблеми за Лејкерси, Леброн се повреди пред клучната борба за пласман во плејофот

Најдобриот стрелец во историјата на НБА-лигата, Леброн Џејмс, би можело да отсуствува неколку недели поради повреда на десното стапало, што би претставувало голем удар на ЛА лејкерс во битката за пласман во разигрувањето за титулата.

Џејмс повредата ја заработи во третата четвртина за време на натпреварот против Далас маверикс што се играше во неделата и на кој Лејкерси успеаја да се вратат по негатива од 27 поени и на крајот да слават.

Иако Лејкерси првично објавија дека Џејмс ќе биде дел од тимот за вечерашниот дуел против Мемфис, лекарските прегледи покажаа дека повредата не е наивна и дека ќе биде потребно кошаркарот неколку недели да отсуствува од терените.

Џејмс оваа сезона има просек од 29,5 поени, 8,4 скока и 6,9 асистенции по натпревар, а Лејкерси со скор од 29 победи и 32 пораза се наоѓаат на 12-тата позиција на табелата во Западната конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести