23.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Проблеми за Ливерпул – Клоп има пет прашалници против Вест Хем

Ливерпул ја продолжува бркотницата со Манчестер сити за титулата во Премиер лигата и до крајот на сезоната секоја победа ќе биде важна.

Тимот на Јирген Клоп утре игра против незгодниот Вест Хем а лоши се информациите кои што ги кажа Германецот на денешната средба со новинарите. Тијаго Алкантара, Роберто Фирмињо, Наби Кеита, Куртис Џонс и Џоел Матип се под знак прашање.

„Длабочината на тимот е важен дел во овој период од сезоната ама ние имаме пет играчи кои што се неизвесни дали ќе играат. Тијаго нема да биде во тимот додека Фирмињо пропушти неколку тренинзи, Куртис сè уште не е опоравен, Матип е болен ама не е Ковид-19 вирус.

Кеита, пак, е неизвесно дали ќе биде фит за утрешната средба“ изјави Клоп.

Средбата меѓу Ливерпул и Вест Хем се игра од 18:30 часот, a тимот од Енфилд има шест бода помалку од лидерот Манчестер сити, но и средба помалку.

- Оглас -

Најнови вести