Чудото од дете од младинската академија на Милан, од утре е слободен фудбалер. 15-годишниот Франческо Камарда од утре веќе нема никакви обврски кон екипата од Милано и може да потпише професионален договор со било која екипа.
Тој во младинските категории постигна преку 500 гола или 5.5 во просек по натпревар. Оваа сезона настапува за младинците и покрај тоа што е четири години помлад од останатите играчи, со 12 голови е најдобар стрелец. Оваа сезона настапи и за првата екипа на Милан, со што стана најмладиот дебитант во Серија А.
Интерес за неговите услуги има од Манчестер сити, Арсенал и Тотенхем, но и од градскиот ривал на Милан, Интер, што доколку се случи да потпише за нив, ќе биде едно од најголемите „предавства“ во историја на италијанскиот фудбал.
Милан веќе му понуди тригодишен договор, но тој се уште не е потпишан, па Милан од утре ќе стравува да не го изгуби бесплатно својот бисер.