Проблеми за Росонерите, Португалецот бара четири пати поголема плата за да остане во Милан

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, ги шокирал челниците на Милан, барајќи драстично зголемување на платата за време на преговорите околу новиот договор, објавија италијанските медиуми.

Според весникот „Газета дело Спорт“, Португалецот побарал годишна плата од 7,5 милиони евра и два милиони евра бонус за потпис на новиот договор.

Доколку му биде исполнета желбата, Леао од идната сезона ќе има четирипати поголема плата од актуелната која изнесува 1,8 милион евра годишно.

Договорот на Леао истекува идното лето, а преговорите за продолжување на соработката траат од почетокот на годинава, а освен големата плата, директорите на Милан имаат проблем со уште едно барање на Леао. Тоа е да се намали откупната клаузула која сега изнесува 150 милиони евра.

Според медиумите, агентот на фудбалерот побарал клаузулата да се намали на 80 милиони евра, но тоа не било прифатено од управата.

- Оглас -

Најнови вести