Проблеми за Синер, на кутијата со спрејот со кој бил прскан пишува дека содржи допинг (Фото)

Германскиот „Билд“ објави сторија во врска со „невиноста“ на италијанскиот тенисер Јаник Синер, кај кого беше пронајден допинг во крвта.

Кај лидерот на АТП-листата, пронајдена е супстанцијата Клостебол, стероид. Тоа е она што го има во спрејот Trofodermin што го користел физиотерапевтот на Синер, Џакомо Налди, за лекување на расекотина што ја добил на Мастерсот во Индијан Велс во март. Остатоци од овој спреј влегле во телото на Синер за време на масажа.

Од „Билд“ тргнаа да го бараат овој спреј. Вистина е дека во Италија спрејот може да се купи без рецепт и чини 12,9 евра.

Ни Синер ни физиотерапевтот тврдат дека не знаеле дека содржи супстанца која се наоѓа на допинг-листата, но сомнително е како никој не знаел ништо кога на самото пакување пишува „допинг“ и зборот е пречкртан со црвено.

Светската антидопинг агенција (ВАДА) сега сака да го преземе случајот. Синер сепак може да добие суспензија, а 9 септември е крајниот рок до кој ВАДА треба да одлучи дали ќе поднесе жалба на одлуката да нема суспензија, одлука која многумина ја протолкуваа како шлаканица во борбата против допингот.

- Оглас -

Најнови вести