Потенцијално голем проблем за репрезентацијата на Србија може да претставува повредата на нивниот најдобар стрелец во историјата, Александар Митровиќ. Фудбалерот синоќа постигна два гола за Ал-Хилал, но мораше да биде заменет, а според прогнозите, тој ќе мора да паузира дури четири месеци.
Тоа би значело дека Србија ќе мора без него да настапи на Европското првенство во Германија, но мала надеж се деталните лекарски прегледи, кои можеби ќе покажат полесна повреда, иако првичните прогнози не се такви.
https://twitter.com/ActuSPL/status/1774158667048263688?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1774158667048263688%7Ctwgr%5Ed5b0f234dd2b769b7fc29bfb7c6d2bf69244fb68%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fkatastrofa-za-srbiju-najvazniji-igrac-na-rubu-suza-izveden-s-terena-propusta-euro%2F240331048