Проблеми за Црвените ѓаволи, идниот месец им доаѓа претседателот на најмоќниот клуб на светот за да им го земе Гарначо

Аргентинецот Алехандро Гарначо е еден од фудбалерите кои најмногу напредуваа по доаѓањето на Ерик тен Хаг на клупата на Манчестер јунајтед, а сега се наоѓа на листата на желби на останатите гиганти.

Гарначо се избори да стане член на првиот тим, а од конкуренција го исфрли фудбалерот кој Јунајтед го плати 95 милиони евра, Антони.

Според шпанскиот медиум „Дефенса централ“, претседателот на Флорентино Перес е воодушевен од напредокот и игрите на Гарначо и гостувањето во Манчестер планира да го искористи да го убеди Аргентинецот да се согласи на трансфер во летниот преоден рок.

Кралевите во четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе играат против Манчестер сити, а патувањето во Англија на реваншот ќе се обиде да го искористи за да го договори трансферот на Гарначо.

Алехандро Гарначо сезонава одигра 38 натпревари за Манчестер јунајтед и постигна седум гола, а има и четири асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести