5.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Проблемите во Реал се минато, Чаби Алонсо и Винисиус во прегратка по победата над Олимпијакос (Фото)

Реал Мадрид славеше над грчкиот Олимпијакос со 3-4, а сите голови беа дело на Килијан Мбапе. По натпреварот можеше да се забележи дека Чаби Алонсо и Винисиус срдечно се прегрнаа и си честитаа, а тренерот на Кралевите иако доби прашање за Мбапе, одговорот го посвети на Бразилецот.

„Мбапе ги постигна сите голови, но Винисиус беше одличен. Штета што му поништија гол, тоа навистина ме боли. Убаво асистираше за два гола, но заслужи и да погоди. Многу сум среќен за Вини“, рече Алонсо по мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести