Проблемите за следниот домаќин на ЕП се поголеми: Еден од стадионите се уште изгледа како место на духови (Фото)

Додека Европското првенство во Германија е на прагот на крунисување на новиот шампион, организаторите на следното првенство, Велика Британија и Ирска, веќе се подготвуваат за домаќинството.

Организаторот изненади со изоставувањето на некои од најпознатите стадиони, како „Олд Трафорд“, „Енфилд роуд“ и „Емирати“. На списокот од 10 стадиони се најдоа: „Вила парк“ (Бирмингам), „Ст. Џејмс парк“ (Њукасл), „Етихад“ (Манчестер), „Тотенхем“ (Лондон), „Брамли мур док“ (Ливерпул), „Вембли“ (Лондон), „Авива“ (Даблин), „Принсипалити“ (Кардиф), „Хемпден парк“ (Глазгов) и „Кејсмент парк“ (Белфаст).

Токму стадионот во Белфаст им задава најголеми главоболки на организаторите бидејќи на местото на стариот стадион треба да никне ново здание со капацитет за 34.000 гледачи, но стадионот сè уште изгледа како дувло на духови. „Кејсмент парк“ е затворен од 2013 година и не се користи за никакви настани, а од организацискиот одбор на Северна Ирска велат дека немаат доволно пари, но и времето е кратко. Сепак, ветувањето е дека работите ќе бидат завршени навреме.

- Оглас -

Најнови вести